Новости

Интервју

Битолчанката Анита Јовчевска со уникатна убавина и стил

Многумина не можеа, а да не ја забележат прекрасната девојка која се појавува во видео спотот на Менде Куновски „Празен календар“. Битолчанката Анита Јовчевска е позната по својот уникатен стил, но и посветеност на убавиот изглед, како сопственик на познатиот салон за убавина „Империјал“ во Битола.

Ја запрашавме Анита која е тајната на нејзиниот изглед.

-Пред сè ви благодарам на убавите зборови. За тајната на мојот изглед – јас лично се грижам секој ден без изговор за време и место, посветувам време онолку колку што мислам дека е потребно. Доколку секоја жена се негува секој ден и посветува време за самата себе секогаш ќе изгледа онака како што треба една жена да биде – да плени со својата надворена, но и внатрешна убавина.

Што е она што им препорачува на жените, колку внимание треба да се посвети на изгледот?

-Секоја жена која сака да изгледа убаво и се грижи за својот дух пред сè ќе изгледа убаво и негувано. Кога се сакате самите себе и кога знаете дека вие сте пред сè жена, сами ќе почувствувате дека веќе сте убава, а со мала помош можете да се почувствувате уште поубава, вели Анита.

Со колку љубов ја работиш оваа работа и колку внимание и љубов им посветуваш на клиентите?

-Немерлива е љубовта со која ја работам оваа работа и неограничено е времето кое му го посветувам на моите клиенти.

Покрај твојот изглед, забележуваме дека се друго што работиш се стремиш да е совршено, но и стилски направено. Колку трпение е потребно за тоа?

-Многу трпение, но кога се работи нешто со љубов, тоа не е никаква пречка. Сепак, тоа е моето секојдневие, тоа сум јас.

Неодамна те видовме во видео спотот на Менде Куновси за песната „Празен календар“, нешто што е ново за тебе.

-Да, тука се пронајдов себеси и нареден пат кој сигурно ќе го има, влегувам со веќе стекнато искуство.

 

 

 

GOLD
To Top