Новости

Мода и убавина

Бојата на костимот за капење открива мали сигнали под жешкото сонце

Костимот за капење во кој грациозно ќе зачекорите на плажата  емитува вистински радарски сигнали кон мажите. И верувајте на секоја жена и е многу потешко да најде соодветен костим за капење, отколку партнер за летна авантура. За да биде вистински погодок, костимот, неговата форма и боја, треба да се одберат зависно од телесната конструкција и бојата на кожата.

Ако имате светол тен, тогаш боја на црвено вино ќе биде вистински погодок.

 

Ако имате темен тен, треба да избегнувате темни и црни костими за капење-тие бои ги затвораат линиите на телото.

Бојата на костимот сама за себе може да напише роман, особено ако одберете една оd светото тројство на боите од палетата на на костимите за капење:црвена, бела, црна.

Црвената  е боја на страста, на емоциите, па во комбинација со бел тен е неверојатно примамлива и неодолива. Делува како магнет за машките очи. Но во исто време порачува:„не си играј со оган!“

Некои мажи подеднакво привлечни  ги сметаат и белите комбинации, веројатно зашто белиот костим асоцира на чистота и невиност. За многу мажи  жената во бел костим за капење е олицетворение на невино-лошата нимфа од нивните фантазии.

Третата највозбудлива боја е црната. Црната боја дава специфична аура на зрелост и опасност во исто време. Всушност црната боја е софистицирана.

Сепак и не   е толку важно каква ќе биде бојата на костимот, важен е начинот на кој тој се носи.

GOLD
To Top