Новости

Мода и убавина

Гумените чизми повторно најИН за есенската сезона!

Чевлите оваа есен

Оваа  есен чевлите добиваат машки елегантен изглед, рамни и со шпиц.  Удобноста е во прв план.

Т.н. машка линија на чевлите направена од кожа или антилоп во оригинална верзија , се спојува со фармерки, кратки здолништа и фустани во истата должина и во нежно-цветен дизајн.

Чизмите за доцната есен се со дебели потпетици во висина на глуждот во сива боја до боја на темен облак. Плетените детали на чизмите до глуждот се присутни од двете страни над стапалата се до коренот на потпетицата.

Мошне актуелни се мото -чизмите  и истите ги привлекуваат погледите како забавни со  ремчестите украси и нивниот спој со врвки во потанка и подебела форма поставени хоризонтално и вертикално. Таквата разиграност ги прави да изгледаат шик и интересно. Модните блогерки ги практикуваат во секакво издание и  најздодевните комбинации на облекување ги прават модерни и атрактивни.

Оваа есен  се присутни и  гумените чизми за дожд, дезенирани и еднобојни модели со акцент на лилава, пурпурна, жолта боја и сосема парактични.

За недождливите денови, белите патики го даваат спортскиот изглед за опуштени излегувања и комбинирани со широки и тесни фармерки како и кратка јакна.Чувствувајте се удобно и  расположено  и оваа есен со новите обувки и чекорете самоуверено.

 

GOLD
To Top