Новости

Мода и убавина

Жените ќе носат сако и одело исто како мажите!

Разликите во однос на модниот стајлинг кој порано дискриминирачки се однесуваше кон жените, одамна се избришани.

Уште во времето на големата Коко Шанел, жените го ,,прифатија” безвременскиот тренд на мажите и освен долгите урнебесни фустани и здолништа, тие почнаа да носат панталони и сако. Ова е евидентен заклучок каде тие застанаа рамо до рамо со посилниот пол кој изгледа дека започнал токму во овој свет, светот на модата.

Таа ,,модна” битка продолжува и денес, па до пред некое време дамите на секаде низ светот покажаа и докажаа дека фустаните можат совршено да се вклопат со патики, а не само со високи потпетици. По се изгледа она во што сака понежниот пол да издвои победа, е удобноста во она што го носиме.

Предизвикот е да се објасни дека една убава современа дама може да изгледа убаво и во удобна облека, па веројатно овие моменти би ја напуштиле познатата:,,Трпи за убавина!”

Во продолжение погледнете ги овие ,,машки” удобни модели кои совршено стојат и на жените. Станува збор за широки сакоа и машки одела кои до сега бевме навикнати да ги гледаме само на мажите. Но, не и од сега!

GOLD
To Top