Новости

Мода и убавина

За сензуални усни

Модните советници препорачуваат пред шминкањето да се нанесе течна пудра на усните. На тој начин карминот ќе биде попостојан. Кога нанесувате пудра на лицето, направете го тоа и околу контурите на усните со нежни допири со цел да го спречите разлевањето на карминот. Веднаш потоа обрабете ги со молив за усна во бојата која одговара на бојата на карминот. Направете го тоа од надворешниот раб навнатре. Линијата исцртана со моливче не ја преминувајте. Доколку карминот не е доволно сјаен завршете со сјај за усни.
Ова секако ви познато, но вреди да се потсетиме и да го практикуваме. Во „ служба“ на убавината.

GOLD
To Top