Новости

Мода и убавина

Интересна приказна за брендот Лакост

Создавањето и развојот на брендот  LACOSTE  имаат  мошне интересна приказна , која  се врзува за Рене Лакост, легенда во тенисот , кој го добил прекарот  „крокодил“ поради специфичниот начин  на игра на терен (никогаш не го испуштал својот плен).

Се почнало  кога Рене Лакост заедно со Андре  Жие во 1933  ја основал „Ла шемиз  Лакост“. Андре  Жие во тоа време бил сопственик на една од најголемите куќи  во Франција. Заедно почнале производство  на револуционерните тениски маици  LACOSTE  со извезено лого на крокодил на градите кои го дизајнирал самиот Рене  Лакост.

Мицата  веднаш станала вистински хит, револуционерно во светот на тенисот и истите ги замениле  класичните блузи со долги ракави. Како што врската меѓу спортот и модата станувала се поблиска , маиците почнале да се носат и надвор од  тениските терени и станале  статусен  симбол.

Од создавањето до денес  се задржа единствениот стил што оддава  опуштен став и  модерен изглед.

GOLD
To Top