Новости

Мода и убавина

И ти имаш право на свое право

И ти имаш право да се спротивставиш на се она што не е во согласност со твоето мислење. Не ги премолчувај нештата што крајно те иритираат и провоцираат и те прават да се чувствуваш нервозно и напнато. Не дозволувај да бидеш нешто што навистина не си. Кажи го своето мислење гласно и транспарентно без доза на страв и секако со смирен тон и спикерска дикција. По никоја цена не го прифаќај она што си сигурна дека е погрешно, па макар и сите други да го кажуваат и прават спротивното. И ти имаш право да бидеш сосема своја и запомни-тие што те сакаат ќе те сакаат таква каква што си , иако не се согласуваат со тебе и почитта е повеќе од присутна во отсуство на сечие и секакво одобрување од твоја страна, се разбира.-
Искористи го своето право на право во човечка , сосема нормална смисла на зборот.

GOLD
To Top