Новости

Мода и убавина

Каков модел на купачи би бил идеален за вашата фигура?

Никогаш не следете ги слепо модните трендови. Со ова, не алудираме на тоа да не бидете во чекор со најновите ексклузивни модни изданија, туку сакаме да ве потсетиме дека сепак модните парчиња облека ги рекламираат топ моделите, а креаторите секогаш бараат некој модел кој совршено би одговарал на нивната замисла и креација. На пример оние модели на купачи со доста висок струк не го кријат стомакот туку го истакнуваат, па затоа откријте ја заблудата. Доколку имате малку поголеми колкови, можете да си го дозволите овој костум. Треба да сме свесни и реално да гледаме на некои недостатоци од нашата фигура. Доколку сакате да покриете некои делови од грбот, не го разголувајте истиот или ако имате од повеќе стомак, потенцирајте ги градите за…нели вниманието да го скрените кон посилниот адут. Потенцирајте го она што го сметате за провокативно, но сепак не претерувајте со тоа за да не премине сето тоа во вулгарно. Наместо тоа бидете елегантни и привлечни. Но, најважно од се насмевнете се и ужовајте во топлите сончеви денови. Ставот и убавината доаѓаат од внатрешното расшоложение. Па одберете сами!

GOLD
To Top