Новости

Мода и убавина

Како се однесува кон модата една парижанка во зима?

Префинетата Парижанка паметно ги комбинира пастелните нијанси кои даваат доза на полетно и пролетно расположение во зимскиот период. На предимензионираните јакни додава весели тонови како модни додатоци-ракавици со црвено крзно. Како најпопуларни, Парижанката ги издвојува бохо-фустаните , плисираните панталони и модниот потпис Chloe и Gucci.
Вечерниот стајлинг е зачинет со торби налик на златен кафез за птици, веројатно од причина што во нив го чува „ тајното оружје за убавина“ , необични привезоци во микро-формат и облик на парфемско шише како асоцијација за оригинален француски мирис, златни чевли со контраст на врвот чие движење повикува на заводливост и необврзувачки или пак обврзувачки флерт, кокетни машни околу зглобот.
Парижанката е уникатна, смела , необична. Облеката ја опишува токму таква, една , единствена, инспиративна и неодолива.

GOLD
To Top