Новости

Мода и убавина

Кармен Ексклузив слави 27 години постоење

Студиото Кармен Ексклузив денеска слави 27 години постоење. Се започна на денешен датум во 1992 година кога сопственикот Димче Ивановски од скромен занаетчиски дуќан својата модна визија за иднината ја претвори во бренд и стил на живеење. Токму интензивното вложување во квалитетот и професионализмот го прави Кармен Ексклузив да биде „За влакно пред другите“, а успешната приказна после 27 години продолжува со несмалено темпо.

„Што се 27 години?

За нас се многу љубов, посветеност и радост во професијата.

За нас се и сите насмевки на нашите клиенти. Со нив бевме во нивните најубави животни мигови и таа радост на животот е незаменлива.

За нас е ова вториот дом, а и првиот ако се знае колку часови од животот сме поминале тука.

За нас ова е животна школа на многу генерации кои тука ги направиле првите чекори.

За нас да се биде влакно пред другите е успех на кој денес на овие 27 години од постоењето се радуваме“, велат од Кармен Ексклузив.

Тимот на Шеталиште им посакува да продолжат да ја пишуваат успешната приказна уште долги години.

GOLD
To Top