Новости

Мода и убавина

Кејт Мидлтон и Камила не се принцези!

Медиумите, Кејт Мидлтон, честопати ја нарекуваат принцезата Кејт или Кетрин, но таа не е британска принцеза, иако е во брак со наследник на британската круна. Истото се случува и со Камила Паркер Боулс, која е омажена со британскиот принц. И таа не е британска принцеза. Зошто е тоа така и кои се правилата за доделување на титули на кралските семејства?

Работите се уште почудни бидејќи Дијана Спенсер станала „Дијана – принцезата од Велс” истиот ден кога се омажила.

Гледајќи ги вака работите, можеби и ние сме некои принцези и принцови, но имињата ни ги кажуваат само нагалено, нели?

Кејт Мидлтон никогаш нема да биде принцеза Кетрин. Таа, единствено на крајот може да стане “Кетрин, принцезата од Велс”, ако Чарлс стане британски крал и тогаш на неговиот син Вилијам да му се даде титула на „принцот од Велс“. Што значи, титулата принц или принцеза која доаѓа пред името, е еден вид идентитет, но тој се добива само по раѓање во британското кралско семејство.

А зошто Камила не е принцеза?

Иако е во брак со Чарлс, Камила е негова втора сопруга и таа нема право на титулата „Принцеза од Велс“. Иако кралицата своевремено можела да направи исклучок и да му даде титула, таа не го сторила тоа поради чувствителната и скокотлива британска јавност која ја обожавала за нив единствената „принцеза Дајана од Велс“.

Британската јавност сè уште не знае која титула ќе ја има Камила кога Чарлс ќе стане крал, но веројатно нема да добие титула на кралица покрај него.

… А ние, исто така сме и кралици и принцези и принцови и кралеви, но поради скокотливата јавност, тоа сеуште го чуваме во тајност.

GOLD
To Top