Новости

Мода и убавина

Мажите сакаат најповеќе ретро купачи!

Од неодамна, според извесни испитувања, според испитниците, се дојде до заклучк, дека мажите кај жените најповеќе преферираат бикини, но во овој презент, некако се навраќаат на таа затскриената идеја за тоа што се крие зад позатворените костими за капење, па според тоа, мажите сакаат ретро купачи.

Сепак, ретро купачите се наменети за оние со крушковиден облик на тело или оние кои имаат танка половина, струк и пополни нозе. Заблудата дека ретро купачите, односно дека долниот купач со висок струк  го крие стомакот е разрешена. Тоа не се случува. Напротив за оние кои не успеале да „извадат“стомачни за на плажа ова лето, не би им го препорачале овој модел. Но, сепак ако ужасно многу ги посакувате и сте вљубеници во истиот, станува збор за мода и убавина, а таа не познава граници. Па според тоа, облечете го оној костим за капаење што најповеќе го сакате и уживајте над жешкиот песок.

GOLD
To Top