Новости

Мода и убавина

Модните стилисти одново советуваат

Одберете облека во склад со обликот на вашето тело и со фокус на облека која го извлекува најдоброто од вашата фигура. Притоа не користете повеќе од три бои. Асиметријата во вертикална линија прави да изгледате повисока. Во никој случај не алудирајте на вреќести модели. И најубавото тело не изгледа убаво во вреќа. Каишот може да го освежи вашиот комплетен изглед доколку е лежерно поставен и ќе придонеси да изгледате повитка, а нозете подолги. Бидете доследни на правилото-торба -чевли купувајќи ги во исто време за да бидете сосема сигурни во взаемната вклопеност. Аксесоарите можат да ви го спасат денот доколку се адекватни во боја и форма. Атрактивниот накит во само едно издание е вашето вистинско оружје. Комбинирајте го со различни здолништа , фустани и кошули и секогаш изгледајте различно.
И конечно долниот веш не треба да биде видлив под облеката. Тоа може да биде ризично за целокупниот „ стајлинг“ и да го расипи впечатокот.
Запомнете -стилот е единствен.

GOLD
To Top