Новости

Мода и убавина

Неопходниот витамин Ц

Витаминот Ц е од огромно значење за здравјето на кожата. Доктор  Карен Бурк ,дерматолог и советник додава: истовремено тој ја штити кожата од радикално оштетување кое може да биде предизвикано од загадувањето, пушењето или од сончевите зраци. Научно  е докажано дека три до четири месеци откога ке започнете да користите креми направени  на база на  Ц витамин, ќе добиете одлични, видливи резултати.

Значаен проблем е што  природното ниво на Ц витамин  во кожата е најчесто многу ниско. Само еден  процент од витамините што ги конзумираме преку храната, вклучувајќи го тука и Ц витаминот, завршуваат во нашата кожа. Истражувањата кои секојдневно се  спроведуваат, покажуваат дека половина час  изложеност на силно сонце или три часа изложеност на градското загадување, можат да ги преполоват овие и онака мали нивоа , оставајки ги нашите лица ранливи и подложни на оштетувања кои предизвикуваат брчки, нерамномерна пигментација и  и намалена цврстина. Кожата го користи витаминот  Ц за да формира еден вид на леплива материја која ги држи површинските  келии заедно, а тоа ја  потврдува заштитната функција на кожата, нејзината  способност да ги држи отровите надвор, а водата внатре. Ова предизвикува намалување на црвенилото и смалена иритација на кожата. И кога еднаш ке се нанесе на кожата, келиите складираат резерви кои ги чуваат за моментите кога ќе им биде потребен. Сепак внимавајте. Предолгото користење предизвикува црвенило. Факт е дека витаминот Ц е истовремено и ацид.

Бидете умерени во дозирањето за да ја исползувате лековитоста.

GOLD
To Top