Новости

Мода и убавина

Не си барајте рачки, едноставно не е заинтересиран за вас!

Ако ТОЈ постојано е во гужва, изиграва зафатена ѕверка, заборава да го сврти вашиот број на телефон и општо не баш наоѓа простор за да му се посвети на вашата врска, едноставно не е за вас! Човек или е или не е заинтересиран. Во овој момент прекинете да се залажувате дека можеби си има некоја неодложна работа, можеби ова..или можеби она!

Ништо не е поважно од вас!

Совет: Не враќајте со истите камења, ама не ни претерувајте со создавањето на притисок и константното барање на неговото присуство. Тоа едноставно се решава, а инаетот или притисокот, верувајте дека не ви се сојузници! Со разговор и кажување на вашето мислење всушност може да се реши се. Кажете му дека сте спремна за една зрела љубовна врска во која очекувате поголемо внимание и наклонетост. Еднаш се кажуваат тие работи, а негово е да ги почитува правилата. Се разбира и вие неговите, но не претерувајте со розевите очила и престанете да живеете во светот на бајките и за се да го оправдувате.

Работите всушност се многу едноставни. Или е заинтересиран или не е. Време е да си речете дека е доста со врските во кои само вие освојувате. Време е и некој друг токму вам да ве освои!

GOLD
To Top