Новости

Мода и убавина

Пријателите не се купуваат, а не ни паѓаат на лото! Тие се заслужуваат!

Пријателите не се купуваат, не ни паѓаат на лото. Вистина е дека се одбираат за разлика од роднините, но најпрво се заслужуваат, без лажна придобивка и двосмислени планови.

Сите сакаме да имаме пријатели. Широк круг на пријатели и луѓе со кои не само што низ смеа и забава е животот полесен, едноставен и убав, туку и такви пријатели над ки можеме во секое време да се потпреме. Но, понекогаш по патот до стекнувањето и подоцнежното трудење да се задржат тие пријателства, неретко забораваме како да чекориме и наместо да му дадеме простор и време на времето, ние форсираме и вршиме апсолутно непотребни притисоци.

Смешно е, а сите барем еднаш се имаме најдено во ситуација на пресметка. Што би значело тоа? Сите барем еднаш сме се нашле во ситуации каде стоиме над телефонот и чекаме да заѕвони. А потоа разочарано сфаќаме дека никој не не побарал, паѓаме во некоја меланхоија и чудна депресија која всушност и е неоснована или потконретно кажано, сме ја предизвикале сами. Она што го нудиме, она и ќе го добиеме.

Животот е бумеранг, се враќа каде и да го пуштиме да оди. Но, треба да знаеме каква емоција праќаме во универзумот. Ако упатуваме гнев и однапред разочарување, истото ќе ни се врати и ќе не снајде токму нас со ист, а дури и поголем интензитет.

Едно треба да знаеме. Љубовта е безусловна и сосема е погрешно мислењето дека треба секогаш да ни се враќа истото што го нудиме и подаруваме. Пријателството е неусловено и ако е вистинско, ќе се врати без да го форсираме, мислиме или притискаме. Тоа едноставно се случува и не ни остава и не треба да ни остави простор за ваквто т.н. „тргање цртички“ за тоа кој кога се јавил, кога последно не побарале или сме ги побарале. Ако станува збор за таа искрена и безусловна пријатлска цврста врска, треба да ги апстрахирате и апсолутно да ги исфрлите ваквите емоции кои можат да донесат само едно. Пропаст! Бездна од кја ни една врска не се извлекла. Ставете им крај на ваквите мисли. Научете да сте трпеливи и грижливи колку што треба, ни помалку ни повеќе. Едноставно е. Уживајте, без да најдите и измислете проблем. Особено жените и женските пријателства. Затоа што сепак си знаеме дека некогаш не знаеме што сакаме. А кога го сакаме? Сега и одма! И ете ти проблем мил мои дами!

GOLD
To Top