Новости

Мода и убавина

Совети како да изгледате свежо и средено, без да користите премногу шминка

Ниту една не би одбила да може да блесне во само неколку минути и да изгледа добро без многу шминка.

Очигледно со неколку трикови е возможно и тоа, а девојките кои не се љубители на шминка ќе бидат презадоволни што нема да мора да се „маскираат“.

Природниот изглед секогаш е во предност, но ќе мора да искористите неколку трикови за да добиете свеж и сјаен лик.

Одберете ги најдобрите и не заборавајте да ги практикувате:

Масажа со крема за лице

Кога нанесувате крема, правете си нежна масажа со движења од центарот на лицето кон страните.

Чувајте ја кремата во фрижидер

Ако нанесете крема извадена директно од фрижидерот, полесно ќе ги сокриете трагите од недостаток на сон – темните кругови и отоците.

 

Обојте го делот помеѓу трепките

Пополнете го со црно моливче делот помеѓу горните трепки, но бидете прецизни, важно е тоа да биде помеѓу нив во нивна линија, не погоре, не подолу.

Нанесете малку руменило на капаците на очите

Ако сакате набрзина да му дадете свежина на лицето, без да се шминкате со многу сенки, нанесете руменило на образите, со четката поминете малку на горните капаци и ставете малку маскара.

 

Ставете коректор на усните

Ако не сте фан на кармините во силни бои, но не сакате да излезете без да ги нагласите усните, нанесете коректор по контурите на усните, исенчајте и нанесете проѕирен сјај за усни.

GOLD
To Top