Новости

Мода и убавина

Совршена шминка за утрото потоа

Она што нема да да можат да го заздрават и сокријат современите козметички тртмани, шминката најверојатно ќе го направи. Откако внимателно ќе го исчистите лицето и ќе нанесете хранлива крема, подлогата нснесете ја само на Т-зоната-така ќему дадете светлина на својот лик. Нанесете сосема малку  пудра, колку да ги сокриете многу видливите недостатоци на кожата. Потоа убаво зафатете со четката во руменилото-топло розово или боја на праска и нанесете на јаболчниците и слепочниците. Избегнувајте црвени тонови кои ќе ја истакнат отеченоста на ликот и црвенилото на очите.

За да ги отворите заспаните очи , нанесете бело моливче под долните и над горните  трепки.Не заборавајте и на водоотпорната  маскара. Усните се единствениот дел од лицето кој останал неповреден по лудата ноќ. Затоа исцртајте ги со моливче во природна боја, а потоа намачкајте ги со кремасто-кафеав или вишна боја кармин. На тој начин ке направите вашите усни да  го привлекуваат вниманието на себе а да го одвлекуваат од останатите делови на лицето.

И конечно мирисот на пеперминт во усната празнина ќе ги зголеми вашите бета мозочни бранови што ќе резултира со будност и ведрина. Оставете книжно  шамивче напрскано со масло од пеперминт во торбичката за лична употреба и помириснете го кога ќе почувствувате желба за поткревање на расположението.

Evrotip
Евротип
To Top