Новости

Мода и убавина

Сок од лубеница: Одличен за нега на вашата кожа

Со оглед на фактот дека овој зеленчук се состои од 93 отсто вода, тој одлично ја хидрира кожата, а благодарение на витамините А, Б6 и Ц, ефикасно ја ревитализира и ѝ нуди одлична заштита од сонцето.

Сува кожа

Промешајте една лажица сок од лубеница со една лажица мед која што на природен начин ќе ги навлажни сите слоеви од вашата кожа и со чија што помош лубеницата ќе биде уште поделотворна. Оваа маска нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути а потоа исплакнете ја со топла вода.

Масна кожа

Една лажица сок од лубеница промешајте со една лажица јогурт. Ензимите и млечната киселина ќе ја исчистат вашата кожа, а лубеницата ќе ѝ ја врати влажноста. Нанесете ја маската на лицето и вратот, и оставете ја да делува 10 минути пред да се измиете.

Кожа оштетена од сонце

Натопете тупфер во сок од лубеница и третирајте ги подрачјата кои што сонцето ги зафатило малку повеќе. Оставете го сокот да отстои на кожата 15 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Против акни и воспаленија

Една лажица сок од лубеница измешајте со една лажица изгмечена банана која што изобилува со витамините Б2, Б6 и Б12 кои што ги спречуваат воспалителните состојби, а во исто време прават кожата да биде помека. Маската на лицето држете ја 10-15 минути, а потоа исплакнете.

GOLD
To Top