Новости

Женски муабети

Треба ли да сме флексибилни или секогаш ,,да си тераме” по свое!

Флексибилноста ја носи пораката-соочете се со „кочниците“ на кои секојдневно наидувате. Таа се поврзува со две особини како самодоверба и позитивност. Ако ги поседувате, имате голема способност да бидете флексибилна. Само тогаш ќе бидете подготвена и способна да ги совладате пречките и да го добиете она што го сакате.

Емоционалната сила е онаа од која зависи сето ова. Постојано треба да реагираме на неочекуваното во позитивна смисла на зборот иако нешто не излегува како што сме планирале.

Едноставно, мора да најдеме алтернативно решение и да покажеме флексибилност.

Потрудете се да се носите со сите предизвици што како такви ни ги нуди животот и секојдневието. А доколку не го правите тоа, време е да промените нешто кај себе и не секогаш да ,,си терате по свое”!

GOLD
To Top