Новости

Мода и убавина

Чевларскиот волшебник- Џими   Чу

„Чевлите не се само чевли, тие се уметност“ -вели Џими Чу, најпознатото име во светот на  високите чевли, синоним за висока мода, комфор и квалитет.

Џими Чу  е постојано  присутно име во светот н филмот и музиката. Неговите чевли ги носеа пријателките од „ Сексот и градот“ и им се восхитуваа како на најголемо богатство. Неговите чевли се споменуваат и  во „Грдата  Бети“.

Талентот го добил од својот татко, а мајка му помагала во во неговата изработка.  Неговите клиенти биле импресионирани од удобноста и модерниот изглед на неговите чевли уште во самите почетоци на изработка.

Во неговата работилница можело да се најде- сандали , чизми, салонки,  чевли со високи потпетици, елегантни и покласични модели, изработени за  лојалните потрошувачи.

GOLD
GoldSlot
To Top