Новости

Мода и убавина

Шакира е повторно црвенокоса?

Преубавата четириесет годишна Колумбијка изгледа дека не е повеќе плавуша. Во моментот таа снима видеозапис за најновиот сингл “Perro Fiel” и објави неколку фотографии од снимањето на истиот.

Шакира очигледно ги изненади своите фанови, вракајќи се на сцената со црвена боја на косата. „Црвенокосите повеќе се забавуваат – вели таа под фотографиите!“

Можеби повеќето и не се сеќаваат дека преубавата музичка ѕвезда ја започна својата кариера како црвенокоса, а потоа експреиментираше со различни нијанси на плавуша.

 

Но, сепак некои од фановите се уверени дека Шакира само се шегувала со лажна перика. Дали е тоа така, ќе откриеме наскоро! Како и да е, на секој му треба промена нели, a на оваа уникатна убавица, секоја и прилега феноменално!

GOLD
To Top