Новости

Мода и убавина

Шарпата – „must have“ моден детал кој не смеете да си дозволите да го немате!   

„Е“ шарпа- неизбежен моден додаток кој се користи во секоја прилика. Кога се работи за кафе со пријателите, едноставно се префрлува преку рамото и истото делува лежерно  и симпатично. Кога станува збор за свечена прилика , е шарпата може да биде со дискретен светликав принт што ќе даде свечена нота на целокупниот „ стајлинг“ и секако во спортска пригода со карирани детали што дава неодолив шарм во комбинација со тексас. Во деловното егзистирање се претпочита е – шарпа со класичен и елегантен  принт , вообичаено-црно бела комбинација.

Е – шарпата  е парче  во модниот орман што секоја жена мора да го има во различни нијанси, бои  и текстури.

Шарпата освен за околу вратот се почесто сеупотребува и на други места на нашето тело, како околу челото, на косата или пак како белегзија на раката. Има милиони варијанти кои можете да ги комбинирате со неа. Затоа мора да ја имате!

 

GOLD
To Top