Новости

Мода и убавина

Шминката на вашето лице – краен допир без кој не се можи!

За конечен изглед на гламурот, вештачките трепки се неминовни. Лепилото за трепки нанесете го  на самиот корен на вештачките  трепки  и залепете го врз вашите. Набрзо лепилото станува прозирно и и незабележливо. По правило вештачките трепки не се шминкаат, но можете и  да нанесете еден слој маскара.

Пред шминкањето на усните прво нанесете им малку течна пудра. На тој начин карминот че биде попостојан. Исто така кога кога нанесувате пудра на лицето, внимавајте тоа да го направите и околу усните со цел да го спречите разлевањето накарминот и обрабете ги со моливче за усни. Кога  го нанесувате карминот, внимавајте  тоа да го направите само од надворешниот раб навнатре, што значи линијата исцртана со моливче да не ја преминете. Зaвршете со сјај за усни.

Јаболчниците  нагласете ги со руменило и тоа секогаш  почнувајќи од самите јаболчници кон нанадвор. Ако немате добра четкичка, ризикувате да добиете карикиран изглед. Рабовите треба да бидат осенчени. Ако  ги нагласите очите , усните и  и јаболчниците во исто време  или подеднакво нагласени, ќе добиете евтин наместо отмен изглед. Дајте му акцент на вашиот  адут.

За заводлив поглед нагласете ги горните трпки. Додајте ја линијата на тушот и тоа развлечете ја што повеќе  завда го нагласите окото ако тоа ви е највпечатлива партикула на лицето. Ако тоа се усните, обојте ги во готичко-романтична нијанса. За да постигнете подлабок поглед, нанесете потемна сенка на линијата  каде што се прекршува капакот и извлечете ја нанадвор. За  дополнително зголемување на окото нанесете бела линија со бело моливче за очи на внатрешниот  раб на долниот очен капак.

Evrotip
Евротип
To Top