Новости

Мода и убавина

Широки шарени скуњи! Почувствувајте ги „цветните“ денови на вашиот аутфит!

Време на почеток, на штотуку расцутени цветови, сино небо, сончеви денови, големи прошетки и мирис на зумбули. Време кое асоцира на раѓање, на нов живот, на втора прилика, на втора шанса која се случува само еднаш во годината. На пролет. Време кога завршува сивилото, мракот, темните и тмурни денови, студенилото и инхибираноста во ентерирот на душите. Аутфитот и тоа како ја рефлектира душата внатре. Раскажува што чувствува таа, како сме расположени, дали сме за одново раѓање и живот или едноставност, затвореност и досадност.

Епа ајде да ја разбиеме таа монотонија и токму преку нашите крации да создадеме нешто импозантно, волшебно, неодоливо и слатко. На мета се пролетните широки шарени и цветни сукњи кои и тоа како ја рефлектираат веселата состојба на духот, ја раскажуваат и презентираат ведрината на пролетта. Погледнете ги моделите на сукњи во кои ќе зрачите и ќе ја внесувате токму таа магија и сончеви зраци во секое друштво.

GOLD
To Top