Новости

Мода и убавина

Блескаво колоритно издание – Хелен Мирен ги урна сите стереотипи поврзани за модата и годините

Актерката, чие вистинско име е Васиљевна Миронова, секогаш воодушевува со својот ечеганген аутфит.

На реномираниот филмски фестивал во Венеција, се појави во блескаво издание со светки и камења. Неколку месеци подоцна повторно ја изненади јавноста со комплет светки кои никого не оставија рамнодушен.

Но, овој пат, нејзиното модно издание, ги урна сите стереотипи поврзани со модата и годините.

Актерката е фотографирана пред премиерата на филмот „Војводата“ во Њујорк, британска комедија-драма во која ја има една од главните улоги. За таа прилика Хелен не се двоумеше да ја облече највпечатливата облека која јасно ја покажува нејзината филозофија на стил, со акцент на неонските бои. За потсетување, тие се во тренд оваа сезона.

Хелен избра облека од весели бои составена од впечатлив фустан од мантил со миди должина и своевиден долг елек во циклама нијанси. Сè на сè, непогрешлива комбинација.

Оригиналниот дизајн на фустанот со ремен го истакна нејзиниот струк и да не зборуваме за малите детали кои ја правеа уште поубава.

Извор: Elle España

Евротип
SNBROKER
To Top