Новости

Мода и убавина

Амал Клуни ги засени сите актерки на премиерата на новиот филм на Џорџ Клуни во Лондон

По повод премиерата на новиот филм „Ticket to Paradise“,Џорџ Клуни присуствуваше во Лондон заедно со својата партнерка Аал Клуни, а убавата адвокатка со своите атрактивни изданија ги заени обожавателите и ги остави во втор план сите актери. Прво беше фотографирана на црвениот тепих во гламурозна креација, а потоа на афтер забавата се појави во краток жолт фустан кој го откри нејзиниот најголем адут – витките исончани нозе.

Успешната Британка со либански корени заслепуваше во гламурозен фустан со мониста со тенки прерамки што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а изгледот го комплетираше со елегантна фризура, златна чанта и црвен кармин.

Г-ѓа Клуни е добро позната по својот префинет моден вкус, после долгиот фустан украсен со светкави мониста во нежна нијанса во кој воодушеви на црвениот тепих на лондонската премиера, се одлучи за нешто похрабро за афтер забавата.

 

Амал (44) сака да избира комбинации кои ѝ ласкаат на витката линија и ги истакнуваат нејзините совршено обликувани нозе, а одличен избор се покажа и мини фустан со долги ракави во светло жолта боја.

Инаку, на премиерата на филмот „Ticket to Paradise“ на Клуни им се придружи и Џулија Робертс, која има долгогодишно пријателство со Џорџ.

Имено, сигурно е дека филмот ќе биде голем хит оваа есен, каде Џулија Робертс и Џорџ Клуни играат разведен пар кој 25 години по нивната венчавка заедно патуваат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка што ја направиле тие.

Евротип
SNBROKER
To Top