Новости

Мода и убавина

Бијонсе во модно тропско издание кое ќе сакате да го ископирате!

Иако не е толку активна на својот инстаграм профил, поп-sвездата Бијонсе се што споделува со своите следбеници се зборува со денови. Минатата недела таа нè воодушеви со фотографија која предизвика воодушевувања кај нејзините обожаватели. Во однос на облеката, таа избра мини фустан во три контрастни бои, од модната куќа Мара Хофман.

Жолтите, портокаловите и тиркизните нијанси, како и интересниот материјал направија да изгледа волшебно. Како и да е, многу важна улога играа внимателно избраните модни детали како обетките, чантата на Фенди и дизајнот на Роси во пастелни тонови. Овој пат стилистката позната под псевдонимот К. M. Муди беше задолжена за нејзиниот изглед за кој не се сомневаме дека ги добие сите пофалби за оваа комбинација.

Пејачката претходно позираше во друштво на сопругот Џеј Зи, а ги освои и сите симпатии на обожавателите. Главен адут на тоа издание беа широките летни панталони со цветен дезен, потпишани од дизајнерот Кристофер Џон Роџер кои ги надополни со бела кошула и очила за сонце на Гучи.

GOLD
To Top