Новости

Мода и убавина

Во зелено – модели кои ќе го ,,освежат” вашиот плакар

Веќе заклучивме дека оваа пролет ќе биде колоритна. Шарени емоции, љубов, свежина и нов живот полн со позитивни афирмации, пораки кон универзумот. Тоа е веројатно основната инспирација од големите брендови, креатори, дизајнери кои со оглед на ситуацијата со пандемијата, решиле да го натераат човек да размислува позитивно.

А кога сме кај ,,новиот живот” и свежото, ви предлагаме меѓу другите парчиња шарена облека, да ја додадете и зелената. Таа сама по себе е асоцијација за смиреност, нов живот, чисти емоции. Облечете се во нив и уживајте во погледите од околината кои сигурно ќе ги освоите со помош на оваа стилска новина во вашиот аутфит.

Евротип
SNBROKER
To Top