Новости

Мода и убавина

Гламурско издание: Софија Вергара во тесен фустан кој одлично прилега на жени со облини

Пред два дена, се случи еден од најважните настани од светот на телевизијата. Доделувањето на Еми наградите како најпознат настан во светот по двегодишна пауза се врати во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес.

Жените од филмскиот свет уште еднаш се потрудија да изгледаат беспрекорно, а ние веќе искоментиравме некои од омилените стајлинзи, тоалети, одела. Но, патем можеби ја заборавивме една од најатрактивните актерки на сите времиња. Софија Вергара.

Имено Софија годинава ја додели наградата за најдобра споредна машка улога во драмската серија „Наследството“.

За оваа свечена пригода Софија носеше жолт фустан од швајцарската дизајнерка Лаура Баши. Тесниот долг фустан ја следеше нејзината фигура и го истакна нејзиниот исончан тен. Софија особено блесна поради цирконите кои го красеа фустанот и тесните прерамки кои го истакнуваа нејзиното деколте.

Жолтиот фустан привлече внимание на доделувањето, а целата комбинација ја дополни нејзината фризура која ја стилизираше во елегантни бранови. Својата убавина ја истакнала со шминка на Диор, од која до израз дојде карминот кој беше во нијанса на нејзината коса.

Комбинацијата ја заокружи со златни чевли од Џими Чу со вртоглава висока потпетица и платформа, а веројатно поентата на нејзиното гламурозно издание беше луксузниот златен накит од кој се истакна големиот прстен.

Како и да е, овој модел, модните дизајнери го препорачуваат на жените со облини тврдејќи дека во него би изгледале заводливо, а сепак до некаде и отмено. Но, ние би рекле сепак…провокативно успешно, затоа што нели тоа е намерата на црвениот тепих! Што повеќе истакнување и експонирање. Двете нешта од кои „ќарат“ и модните дизајнери и ѕвездите кои се стекнуваат со уште поголем публицитет.

Евротип
SNBROKER
To Top