Новости

Мода и убавина

Детал на модните парчиња кој прави да изгледате шик

Модните детали на многу наврати потенцираме дека се важни за комплетната модна импресија. Но, овој пат не зборуаме за аксеосари туку за нешто што е дел од модните парчиња.

Станува збор за големите петлици кои знаат да го доусовршат изгледот и обичните кошули, фустани, блејзери и слично, на начин што ќе ги направат шик и уникатни парчињата.

Овие детали до некаде потсеќаат на некој винтиџ изглед кога петлиците биле апсолутен хит и имало мноштво од различни изработки, форми, различни бои и големини. А бидејќи, годиниве се е во знакот на „oversized“, така и тие се поштосни доколку се поголеми и повпечатливи.  Погледнете како можете тоа да го изведите и да изгледате оригинални.

Евротип
SNBROKER
To Top