Новости

Мода и убавина

Дизајнерите со нова модна идеја за оваа есен

Трендовите се менуваат, но оној кој диктира всушност го има најголемиот товар затоа што мора константно да има нови и нови идеи со кои ќе ги задоволи, но пред се изненади клиентите или воопшто светската модна публика. Се разбира дека зборуваме за брендовите и модните куќи ширум светот, кој овој пат ја препорачуваат токму оваа плетка што би ја носеле на фустани, здолништа и кошули.

Нам малку не потсеќа на винтиџ завесите кои порано виселе над прозорците на нашите баби, па според тоа во нејзиниот скромен дизајн, можеме да заклучиме дека гледаме совршен микс од елегантното чувство кое го носи есенската модна инспирација, и класичноста на модерното и современото. Овие две емоции се испреплетуваат, гледајќи ги модните идни трендови на големите куќи, особено на големиот и неповторлив Оскар де ла Рента.

Евротип
Евротип
To Top