Дискретна и топла – бојата на песок, класика за модерните жени

Дискретна, смирувачка и топла. Бојата на песок не секогаш е актуелна кај модните трендови, но оние кои не ги следат слепо истите, знаат дека оваа боје е секогаш ,,ин”, но во латентна смисла.
Бојата на песок секогаш стои во позадинскиот дел и шармира токму со таквиот нејзин пристап, од зад сцената. Сепак, би нагласиле дека на бледиот тен на кожа, ефектот ќе биде во поинаква насока и ќе изгледате безлично.
Погледнете ги моделите и шармирајте го вашиот плакар со нешто старо, нешто ново или нешто кое секогаш ќе биде модерно. Едноставно, нешто класично.
