Новости

Мода и убавина

Евтин трик за нега на вашата коса, но на едно мора да внимавате!

Постојано сме во потрага по совршениот „рецепт“ кој би помогнал во растењето на нашата коса, постигнување на бујна и здрава коса, отстранување на првутот. Купуваме скапи производи, но не често гледаме резултати од истите. Трикот е едноставен, па во продолжение погледнете што кажуваат ескпертите.

Италијанскиот дерматолог Франческа Фуско наведува дека шеќерот придонесува за поздрав скалп со тоа што, измешан со шампон, овозможува нежна ексфолијација на скалпот што ги елиминира мртвите клетки на кожата, но и им овозможува на другите употребени производи, како што се регенераторите или маските, да делуваат подобро.

Покрај тоа, шеќерот измешан со шампон исто така ќе помогне во отстранувањето на првутот, иритацијата и чешањето. Не треба да заборавиме, додава таа, дека здравиот скалп фаворизира побрз раст на нови влакна.

Сè што треба да направите е да додадете една лажица шеќер на количината на шампонот што го користите.

Одлично е што шеќерот целосно ќе се раствори благодарение на водата, така што не мора да се грижиме дали косата е леплива или тешка.

Сепак, како и кај другите природни рецепти, со оваа комбинација не треба да се претерува. Прекумерниот пилинг на скалпот, може да наштети и дополнително да го иритира скалпот.

Затоа, ве советуваме да не користите пилинг секој пат, туку се препорачува секој трет до петти пат кога ја миете косата.

Евротип
SNBROKER
To Top