Новости

Мода и убавина

Ешли Греам во фустан со кој манекенката гордо ги покажа стриите на црвениот тепих

Плус-сајз моделот Ешли Греам редовно ги користи своите социјални мрежи за да го промовира природниот изглед на телото, односно позитивниот однос и поглед кон сопственото тело.

Греам е познат модел и репер замногумина кои се борат против стереотипите кои ги поддржуваат само слабите девојки. Нејзината борба се случува и на пистата и надвор од неа, а кога ја објави својата прва бременост во август 2019 година, почна да го користи Инстаграм за да ги сподели промените што се случуваат на телото во текот на тие девет месеци.

Не и е непознато тоа што покажува стрии на социјалните мрежи. Своевремено, под една од нејзините објави на Инстаграм, таа напиша дека нејзиниот сопруг Џастин рекол дека нејзините стрии личат на дрвото на животот.

Ешли во неделата гордо ги покажа своите облини, но и споменатите стрии, на црвениот тепих на доделувањето на „MTV Video Music Awards“, каде ја имаше улогата на водителка.

Нешто повеќе од седум месеци од раѓањето на близнаците, таа изгледаше божествено додека позираше во црн класичен фустан.

Манекенката со евидентно голема самодоверба им позираше на фотографите во моделот со средна должина, кој ги откри нејзините раменици и имаше исечоци на колковите и стомакот. Фустанот беше украсен со неколку блескави сребрени светки го спои со сандали со тенки прерамки во комбинација на црна и сребрена боја.

„Убава дама и убаво тело со совршени облини“, „Изгледа одлично“, „Роди три деца и треба да имате самодоверба да го покажете телото“, „Како да не е од овој свет “, „Божица“, „Убава жена“ се само дел од коментарите од изданието на познатата манекенка.

Евротип
SNBROKER
To Top