Новости

Мода и убавина

Жените изгледаат убаво само два часа, а трошат дури четириесет минути за да се убави целиот ден

Истражувањата докажуваат дека жените изгледаат совршено само два часа дневно, иако тие трошат еден куп време за да изгледаат совршено.

Еден куп алатки, „make up“, пудри, сенки, кремови, млеко за тело, кремови и што уште не. Да си признаеме, жените трошат голем дел од нивниот ден или од нивниот живот за да изгледаат онака како што замислуваат.

Тие во просек трошат 38 минути секој ден на подготовки и тоа: 10 минути за туширање, 11 минути за фризури, осум минути за шминка и девет минути за избор на облека. Експертите (вклучувајќи ги модните стилисти, дизајнери, „make up“ артистите и други стручни лица од модниот свет и „светот за убавината“), според искуството кое го имаат од нивните клиентки, ги тврдат овие факти. Според нив, на девојките им требаат цели два часа дури да ја напуштат куќата, но многу брзо го губат утринскиот сјај, па врз основа на тоа, тие препорачуваат да не губат толку скапоцено време, затоа што денес природниот изглед е на цена. Па, девојки, еве ги нашите пет минути. Доста е трошење време, оставете малку простор и да ги живеете тие часови кои и онака „избледуваат“.

GOLD
To Top