Новости

Мода и убавина

Заштитете ја кожата од студот – Трикови за правилна нега на раце и цврсти нокти

Овесната каша ќе ја смири иритираната кожа, ќе ја направи помека и поотпорна на студ. Најдобро ќе ја нахраните вашата кожа со какао или „шеа“ путер, а вистинската храна ќе ги заштити вашите нокти од пукање.

Рацете, покрај лицето, се најекспонираниот дел од телото и затоа е важно да им се пружи соодветна грижа, особено при ниски температури.

Надворешните фактори, како што се студот, ветрот, наглите промени на температурата – од студено на топло, имаат штетен ефект врз кожата, а доколку не се негува на правилен начин, таа со текот на времето станува сува и испукана.

Загрејте шолја овесни снегулки во половина чаша млеко. Откако ќе се сварат додадете шеќер и оставете ја смесата да се згусне и излади. Потоа нанесете го на рацете и оставете да отстои десетина минути.

Овесот ќе ја смири иритираната кожа, ќе ја направи помека и поотпорна на студ, а млекото, поттикнувајќи го отстранувањето на мртвите клетки од кожата, ќе делува како природен пилинг.

Откако добро ќе ги измиете рацете, нахранете ја кожата, да речеме, со „шеа“ путер или путер од какао. Студениот зимски воздух, освен кожата на лицето, најмногу ја суши чувствителната кожа на рацете.

За да ги заштитите, хранете ги рацете со кремот наутро и во зима пред спиење, советуваат дерматолозите.

Ноќниот третман со маслиново масло ќе и помогне на многу чувствителна кожа. Нанесете неколку капки маслиново масло на рацете пред спиење, кое претходно сте ги измешале со малку сок од лимон (за омекнување на мирисот).

Бидејќи студот ги суши ноктите и го поттикнува нивното пукање, добро втријте го маслото на врвовите на прстите. Ставете памучни ракавици на крај и оставете го маслото да делува преку ноќ.

Исхраната богата со протеини, како и со овошје и зеленчук (витамини и минерали) е исто така многу важна за мека кожа и цврсти нокти.

Евротип
SNBROKER
To Top