Новости

Мода и убавина

Земјотрес на модната сцена – Здолништата полека стануваат составен дел од аутфитот и на мажите!

Сигурно сте слушнале за терминот килт. Шкотланѓаните обично го носат овој традиционален модел на здолниште до колена изработен од волна во најсвечени прилики и се горди на тоа. Ирска, од друга страна, има своја форма на килт што потекнува од старите машки туники.

Современите варијанти на овој модел на машко здолниште станаа популарни во 80-тите години благодарение на дизајнерот Пол Готје кој ја воодушеви модната индустрија кога ги претстави своите први машки здолништа и килтови во 1984 година.

Една година пред него, дизајнерот Стивен Спроус започна вистинска мала модна револуција со презентирање на комбинација од машко здолниште и панталони во интересна панк-варијанта. Но, деновиве здолништата навистина стануваат официјално „must have“ парче облека кое ќе стои во плакарот и на мажите.

Дали ова ќе се случува и со високите потпетици…Хм…Ништо чудно!

GOLD
To Top