Новости

Мода и убавина

Зухаир Мурад со есенска колекција за 2022 инспирирана од „Американскиот вестерн“

Светски познатото име на дизајнерот Зухаир Мурад, како веќе докажан бренд кој често дефилира над светските модни писти, на црвениот холивудски тепих, на настани како Канскиот фестивал и многу друг звучни концерти и гламурозни пригоди, овој пат со необична колекција за претстојната сезона за есен 2022.

Станува збор за инспирација од вестерн филмовите, од дивиот запад и анимал принтот кој го има скоро на сите парчиња облека. Станува збор за стилски спој помеѓу елегантното, нежното и романтичното и она латентното храбро, моќно или можеби она бунтовничкото што го кријат и поседуваат жените.

Барем нам така ни изгледа и се разбира не воодушеви. Различни ткаенини, тантелата и чипката како неизбежен момент во неговите креации доминираат, а и шапката го дополнува токму тој вестерн ефект. Она што е невообичаено и го објаснува неговиот слободен дух, кој како што рековме, овој пат ја изразува инспирацијата од американскиот вестерн, е тоа што Мурад го внеува тексасот како материјал во неговите креации. Ова е нешто сосема ново бидејќи тоа не е нешто што обично се поврзува со неговиот свет. Инаку, истиот се наѕира како детал скоро во сите негови креации. Во продолжение погледнете ги креациите на ова големо име кое што и да одлучи да направи, никогаш не греши.

Евротип
SNBROKER
To Top