Новости

Мода и убавина

Инспирација за венчаници за 2021 кои ги избегнуваат стереотипите!

Ексклузивитетот во модниот свет е всушност токму моментот кога се нуди нешто ново на пазарот во модниот свет. Стереотипните и класични модели кои до сега беа популарни, го изгубија својот сјај, па сега врвното место го држат токму овие нови трендови.

Ако вие сте идната невеста и сте во потрага по совршен модел кој ќе го следи вашиот сон, но сепак ќе биде и тренди, или ако сакате да му дадете совет на некоја ваша токму ваква блиска личност што наскоро ќе биде невеста, погледнете што се претензиите на големите модни дизајнери.

Венчаници со пуф ракави.

Огромните ракави се голем ИН во кежуал комбинациите или фустаните, кошулите, блузите и маичките за во посвечените пригоди. Но, зошто тоа да не се случува и кај венчаниците?!

Голи рамена

Ако сакате да оставите латентен впечаток на секси модел кој ќе се крие зад романтичниот дизајн, одберете да го отскриете токму горниот дел на вашето тело. Внимавајте да не ја ,,претерате”. Деколтето во комбинација со голите рамена ќе направи да изгледате премногу провокативно.

,,Oversized” панделка на грбот и половината.

Се е во деталите. Па штом сме кај минималистичкиот однос на брендовите или големите модни куќи кои го оставаат својот потпис под најубавите венчаници, го одлучиле токму тоа. Така доколку венчаницата е едноставна и го следи правилото ,,помалку е поубаво”, сепак може да се додаде елегантниот максималистички раскош кој како задскриена ,,пикантерија” ќе го разубави моделот.

Одела со пантолони или мини здолниште и блејзер

Па доста е со ,,princess” фустаните и фактот и непишаното правило дека мора да изгледате како куклата од невестинската торта. Заборавете на тоа клише и пробајте со едноставен бел костум или одело. Најчесто овој модел е претставен преку ,,oversized” блејзерот и широките и удобни пснталони. Во контекстов, можете да одберете и едноставен бел кобинизон.

Чевли во боја што ќе овозможат контраст и уникатност на целиот изглед

Не можете да се одлучите и сепак сакате да го следите трендот, но ви се допаѓа и идејата на класиката. Пробајте со варијанта на чевли во боја кои штосно ќе се вклопат со токму таа стара класика, а истовремено ќе го ,,разведрат” клишето.

А патики? Зошто да не! 

Сепак, се е во деталите! 

Одберете едноставна венчаница и украсете ја со голем цвет на главата, шешир, шапка или мрежа што паѓа над очите и совршен винтиџ детал што всушност го актуелизираат новите модни трендови!

Евротип
Евротип
To Top