Новости

Мода и убавина

Капути за есен 2022 – Милитари естетика или слоевит максимализам со предимензионирана силуета

Еден од водечките трендови на т.н. милитари капути сеуште продолжува да ја промовира својата естетика и се задржува на модната сцена за есен 2022. Минимализмот ќе се чувствува на облеката или на капутите кои се омиленото парче штом станува збор за комплетната есенска комбинација, но тука е и максимализмот и слоевитите парчиња кои ќе ги красат излозите на големите продавници на брендовите и светски познатите дизајнерски куќи.

Предимензионираните модели, удобноста и крзното како уникатен детал вметнат во спортска и кежуал комбинација сеуште се ИН, а популарен е и допаминот во облеката, односно колоритот и боите кои од своја страна ја разведруваат есента додавајќи му т.н. летен стилски шмек во привте студени денови. Не е изоставен и различниот дезен над материјалите. Оливија Палермо, Бурбери, Валентино со џемперот во улога на капут и многу други звучни имиња за модниот свет, се истакнуваат на насловните страни за претенциозните трендови во претстојната сезона.

Погледнете какви капути ќе носиме оваа есен врз основа на фотографиите кои ги најдовме на Pinterest.

Евротип
SNBROKER
To Top