Новости

Мода и убавина

Кафтан – идеално парче облека ,,специјализирано” за летната сезона

Разгледувајќи го ова парче ткаенина во друг контекст, освен егзoтичниот и веќе постоечкиот (кој нам ни е познат како аутфит за на плажа), би рекле дека истото се вклопува и во други пригоди. Се разбира во зависност од вашите модни претензии, стилови и сензибилитет.

Кафтан е модно парче кое лесно се вклопува во комбинацијата со јадранки, еспадрили, ниски чевли, сандали, но и високи и елегантни потпетици. Па така, во зависност од деталите, тоа може да биде одличен модел во кој ќе изгледате како вистинска дама и во најжешките денови кои и покрај досегашното врнежливо време, нема да не одмине.

Во прилог, прошарајте со поглед низ нашите предлог фотографии и откријте ја моќта на неговото височество.

СН Брокер
To Top