Новости

Мода и убавина

Кејт Миделтон во кралски фустан кој изгледа одлично на бринетите

Кетрин Мидлтон е голем љубител на таканаречените капути, кои ги носи на разни свечени пригоди. Тоа се всушност фустани со јака, ревери и предни закопчувања кои наликуваат на капут, а се направени од малку подебели ткаенини, па често се носат во пролет и есен без други јакни или палта.

Мидлтон и овој пат избра капут-фустан за да се појави на традиционалната миса во Вестминстерската опатија во Лондон што се одржува во вториот вторник во март секоја година, славејќи ги луѓето и културите на Комонвелтот.

Војвотката од Кембриџ го привлече вниманието со добро скроениот модел потпишан од нејзината омилена дизајнерка Кетрин Вокер. Нејзиниот избор беше кралски сината боја кој особено им прилега на бринетите. Капут-фустанот го спои со пристојна шапка Lock & Co во соодветна нијанса и кадифени потпетици на Руперт Сандерсон, кои имаат игла пета висока до 10 сантиметри.

Изданието го заокружи со чанта на Jimmy Choo и кожни ракавици. Нејзиниот веренички прстен украсен со сафир, како и други парчиња накит украсени со сини скапоцени камења, одлично се вклопија во целото издание.

Евротип
SNBROKER
To Top