Новости

Мода и убавина

Колку старее, толку е поубава! – Моника Белучи го украде шоуто на модната ревија во Милано

Најдобрите редови кои го следеа настанот на модната ревија што се случи во Милано во Саботата, ги зазедоа моделите, инфлуенсерите, новинарите и секако убавата Моника Белучи.

Настанот не би се пропуштил и поради уште нешто. Имено, Ким Кардашијан во Милано не пристигна  само како гостинка од првиот ред, туку како дизајнер (колекцијата на D&G пролет/лето 2023 всушност е дизајнирана во соработка со неа).

За ревијата, на која, меѓу другото, прошета и ќерката на Моника Белучи, Дева, актерката избра црн блејзер со потпис на брендот.

Слично на машката јакна, но омилена кај дамите, блејзерот е совршен и за деловен и за кежуал изглед.

Музата на брендот Долче и Габана е позната по монохроматските изданија, а овој пат не разочара, комбинирајќи блејзер со црни тесни панталони. Единственото покажување на бои беше слабо забележливо, на црните Louboutin чизми.

Според очите на светот, Белучи повторно најповеќе го привлече вниманието токму поради фактот што, како што многумина искоментираа, таа е како виното. Колку старее, толку е поубава.

Евротип
SNBROKER
To Top