Новости

Мода и убавина

Констракта запраша: Која е тајната за здравата коса на Меган Маркл, а еве го одговорот

Песната што деновиве е најактуелна „In Corpore Sano“ од Ана Ǵuriḱ-Konstrakte, започнува со стихови за косата на војвотката од Сасекс, што е субверзивна критика на опседнатоста со убавината и здравјето.

Сепак, ние ете така си одлучивме уште само малку да се распрашаме и опседнеме со тие вечни дилеми и прашања што особено го мачат понежниот пол насекаде низ светот. Па во врска со одговорот на токму ова прашање, фризерот на Меган Маркл, Џорџ Нортвуд, во една прилика на британските медиуми им објасни:

– Еден од моите препознатливи стилови се недовршените брановидни прамени. Значи косата изгледа шик и природно без многу труд. Изгледа природно, па остава впечаток на здрава коса, бидејќи може да скрие многу маани. Добар спреј за волумен или текстура може да биде одлична основа за стилизирање. Без разлика дали вашата коса е во добра состојба или не, користењето производ за зголемување на волуменот пред стилизирање ќе даде илузија за погуста, поздрава коса.

Да потсетиме, Констракта претходно откри зошто се прашува за косата на Меган:

,, Решив да ја споменам Меган Маркл во песната, бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса. Има поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни капи, а Меган убава коса. Меган е исто така прогонувана. Ние ги поддржуваме прогонетите луѓе“, изјави таа за локалните медиуми.

Сега ја знаеме тајната на здравата коса на Меган Маркл.

Евротип
SNBROKER
To Top