Новости

Мода и убавина

Кралицата Летиција во модно издание кое ги прекршува кралските протоколи

Ниту кралицата Летиција не можеше да одолее на „хистеријата на облекување“ од Зара.

Се чини дека овој модел на фустан е она што секоја жена го посакува во својот плакар и делот определен за летна гардероба. A очигледно истото важи и за една кралица.

Станува збор за шармантната кралица Летиција која ја воодушеви јавноста со модно издание кое ги прекршува кралските протоколи. Следејќи го примерот на Кејт Мидлтон која се појави во јавност во супер кратки шорцеви, така и Летиција прошета низ Мајорка во ултра краток фустан на Зара по кој жените буквално беснеат ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HistoryQueen (@queen.ysabel)

Инаку фустанот е наречен „Хистерија“ и моментално е еден од најпродаваните модели на шпанскиот бренд Зара, а кралицата Летиција се одлучи за розовиот.

Станува збор за краток фустан со долги ракави и впечатлив розово-бел принт, кој е врзан со тенок ремен околу половината. Овој фустан се распродаде насекаде за кратко време, асè уште е достапен сани во зелена боја.

Евротип
SNBROKER
To Top