Новости

Мода и убавина

Максимализам е и новата ИН модна инјекција!

Максимализмот некако како да беше изоставен минатите години и ,,претенциозноста” беше концентрирана токму на едноставноста, класиката без многу детали, асесоари, бои, форми, принтови и материјали. Е сега сето ова, вратете го пред се во вашата визија, претворете го во ,,допадливо” и подгответе се за голема промена.

Скролајќи на Pinterest, ние всушност дојдовме до некоја чудна емоција што извибрира во прашањето:,,Како е можно овој стил за толку кратко да не освои?” Како да на сите претходни трендови им требаше време за да блеснат и да ги прифатиме, но максимализмот веднаш освојува.

Веројатно има некоја психологија во шармот на боите, мешавината од се во едно, па така ние лудо се вљубивме во принципот:,,повеќе е повеќе!” Изгледа како да ни досадила едноличноста и очајно бараме нешто ново, нешто свежо, нешто многу многу шарено. Но, дали ќе трае долго, останува да покаже времето.

 

GOLD
To Top