Новости

Мода и убавина

Масивен накит – Па зошто да не го вратиме овој тренд?

Ако и вие сте од оние девојки кои не ги следат трендовите по секоја цена и не само што сакаат да бидат уникатни, туку едноставно го носат токму она што им е по волја и го сакаат, тогаш можеби сме на иста бранова должина.

Зборуваме за аксесоарите или поконкретно за накитот како моден додаток кој и тоа како знае да ја надополни комбинацијата, а понекогаш знае и тој да биде приманиот елемент кој ќе остави посилен впечаток од самата модна комбинација на парчињата облека. Масивниот накит некако се заборави низ годините и минималистичкиот пристап е оној по кого се повеќе се претендира. Но, во последно време во поглед на кежуал игледот, се повеќе се истакнува максималзимот наместо претходното едноставно, нежно и класично, па од крајност во крајност, елеганцијата би ја преместиле во токму ваквите модни детали.

Погледнете ги овие белегзии кои создаваат совршен ефект, па не гледаме причина зошто да не би го вратиле овој тренд. Сепак, наш совет е основата на модната комбинација или парчињата облека да бидат што поедноставни, па впечатокот да остане на накитот, во спротивно би создале хаос во целосниот иглед и сето тоа би изгледало кич.

Евротип
SNBROKER
To Top