Новости

Мода и убавина

Мајкл Корс – класично и безвременски, но сепак тренди!

Самодовербата е секогаш пиедестален мотив штом станува збор за целта на овој моден дизајнер. Неговите парчиња облека секогаш зрачат со елеганција, шармантна грациозност и аристократија, но раскажуваат и за едно модно секојдневие кое е наменето само за оние жени кои се осмелуваат да ја покажат својата висока самодоверба, став и моќ.

Неговата колекција за 2021ва година, повторно го става овој момент во главниот фокус и знае да ги задоволи модните „апетити“ на девојките и жените ширум светот.

Инаку најнова презентација на Корс беше изведена во градината на ресторанот „Проџект“ во Њујорк, а акцентот беше ставен најповеќе на удобноста. Што се однесува до нејзиното височество – оваа пролет 2021, тој ги предложува свилените здолништа, со плетени блузи или мантилот. Но, секако не ги избегнува и фустаните и блејзерот за кои секогаш остава простор во своите колекции. Погледнете дел од неговата колекција.

GOLD
To Top