Новости

Мода и убавина

Миризбите пренесуваат емоции – Какво чувство ви нуди вашиот омилен парфем?

При изборот на парфем, најважна ставка е емоцијата што тој ќе ја разбуди кај вас и како ќе влијае на вашето расположение.

„Добриот парфем“ е составен од мирисни ноти кои ќе таргетираат одредени емоции.

Некои од овие ноти имаат смирувачки ефект, некои се сензуални, други даваат дополнителна доза енергија.

Ова се петте најчести и најмоќни мириси од чии состојки се прават најскапите парфеми, па откријте како тие влијаат на вас и на другите.

Бергамот

Портокалот бергамот цвета во зима, и иако плодот е многу горчлив, цветот често се користи во парфеми поради неговата арома на цитрус.

Свеж е и совршен кога ви треба дополнителна доза енергија и позитивни асоцијации, поради што долго време се користи во ароматерапијата против депресија и анксиозност. Бидејќи го подигнува расположението, бергамот е идеална мирисна нота за почетокот на денот.

Примери за такви парфеми се Aqua Allegoria Bergamote Calabria Guerlain како и Acqua di Parma Blu Mediterraneo Bergamotto di Calabria Acqua di Parma

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best sale (@marisabel.fernandes)

Јасмин

Јасминот се смета за една од најважните состојки за правење парфеми, а потребен е цел тон рачно набрани цвеќиња за да се добие само еден литар есенцијално масло.

Свеж, но кремаст и богат, јасминот може да биде и парфем сам по себе, ја подигнува самодовербата и прави личноста која го носи да се чувствува моќно. Користете јасмин во посебни прилики кога сакате да зрачите со самодоверба и да бидете необјасниво привлечни – сепак, зарем секојдневниот живот не е најдобрата можност за тоа?

Примери за парфеми се Chanel N5 и Gucci Bloom.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Phoebe (@phoebetran0110)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elagram style (@elagram_style)

Бел мошус

Мошусот се користи за правење парфеми со векови, а денес мошусот добиен од тибетски елен е речиси целосно заменет со синтетички, кој освен што дава свежина, ги прави поиздржливи и другите состојки на комбинациите.

Мошусот е ултимативната нота која ќе направи да се чувствувате добро, смирено, помалку вознемирено. Парфемите од мошус се одлични за секојдневна употреба или секогаш кога треба да го подобрите вашето расположение.

Примери се For her by Narciso Rodriguezи Librs Yves Saint Lorent.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni’s Scents (@lenisscents)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Chaves (@sandrapchaves)

Сандалово дрво

Сандалово дрво е добиено од еден вид ароматично дрво и се користи со векови и за козметика и за религиозни ритуали.

Се верува дека со својот кремаст, утешен, речиси млечен мирис, ја враќа хармонијата и рамнотежата на умот и чувствата. Ако сте малку вознемирени, сандалово дрво ќе ве смири, но и ќе ја разбуди сензуалноста.

Примери за парфеми се Coco by Chanel и Santal 33 Le Labo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nirina Plunkett (@nirinaxx)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blue Mbombo (@blue_mbombo)

Извор: Zadovoljna.rs

Евротип
Евротип
To Top